Асанж: Никој не може да го спречи Сноуден да објавува тајни материјали

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж изјави дека никој веке не може да го спречи Едвард Сноуден да објавува нови тајни материјали на НСА (американската Национална агенција за безбедност).

Во интервју,направено по телефон од зградата на еквадорската амбасада во Лондон,каде Асанж се крие повеке од една година,овој поранешен австралиски хакер демантираше дека тој манипулира со Сноуден и со претседателот на Еквадор,Рафаел Кореа за да ги обесхрабри надежите на Американецот за екстрадиција.

Лони Сноуден,таткото на поранешниот ИТ техничар во ЦИА,а потоа вработен во фирми кои имаат договор со НСА, пред три дена изјави дека неговиот син Едвард Сноуден е „постојано манипулиран од оние кои се околу него“ вклучувајки ги и лугето од Викиликс.

Според Асанж,таквите обвинувања не се точни.

- Имам разбирање за таткото на Едвард,кој е загрижен и реагира како родител,но нема вистина во обвинувањата за манипулација-вели Асанж.

Тој го нарекува Американецот „вистински херој“ и тврди дека токму Викиликс му помогнал да побегне од Хонг Конг во Русија.

Асанж ги повикува сите влади во светот да му помогнат на Сноуден и да му дадат азил. Американецот кој побегна во Хонг Конг на 20 мај,откако самиот откри дека тој ја обелоденил „супер тајната“ на владата на САД,за тоа дека НСА и американските безбедносни служби ја надгледуваат телефонската и интернет комуникацијата,се уште се наоѓа во Москва.

Засега не се знае што ке се случува со Сноуден,ниту дали тој ке оди во некоја трета држава,како што тоа го навестуваа и руските власти.

Претходно,беше најавено дека Американецот побарал азил во Еквадор,но тамошниот претседател Рафаел Кореа синока изјави дека Сноуден „се наоѓа под заштита на властите во Русија“ објаснувајќи го тоа со пасошот што претходно му го поништија американските власти.

Британски правни експерти тврдат дека Асанж кој е обвинет во Шведска за сексуално насилство,па од средината на јуни се крие во еквадорската амбасада во Лондон,за да не биде екстрадиран во Стокхолм, го користи случајот на Сноуден за своја промоција,како и за ново покренување на неговиот случај.

најчитано сега