Асани: „Поставените ознаки на спомениците се историски измислици“

По шахтите, одредбите од преспанскиот договор се применија и за спомениците во центарот на градот на најмаркантните личности од историјата.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“-пишува на ознаката поставена на споменикот на Александар Велики, согласно Преспанскиот договор, потпишан минатата година. 

Ознаки се поставени и кај спомениците Олимпија и Филип Втори.

Историчарот Скендер Асани, за ТВ21 кажа дека ова прашање ќе ги подобри односите со соседната земја, но ќе ги наруши оние во земјава. Асани со став дека со поставување на овие ознаки, се изобличуваат историографските факти.

-Античка Македонија била во тракиско-илирски состав, ова го сведочат сите стари автори, но и подоцнежни историчари. Убеден сум дека многу брзо оваа политика ќе биде демантирана, која се прави со поставување на плочи, сквернавејќи ја историјата. Јас како историчар апелирам до Владата што поскоро да се отстрани оваа плоча, која претставува историска измислица. Бегајќи од еден проблем се создаваат други проблеми во државата - вели Асани за ТВ21.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега