Арсовски: Зеќири е назначен за генерален секретар на Владата врз основа на неговите постигнувања во кариерата

Одлуката Мухамед Зеќири да биде назначен за нов генерален секретар на Владата е донесена врз основа на она што го има постигнато во неговата професионална кариера, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

– Се зема беграундот и она што Мухамед Зеќири го има постигнато во неговата професионална кариера и врз основа на тоа е донесена одлуката на предлог на премиерот, рече Арсовски, прашан дали има судир на интереси во назначувањето на Зеќири со оглед на тоа дека се кумови со премиерот.

Владата вчера на седница донесе повеќе кадровски решенија меѓу кои и назначувањето на Зеќири за нов генерален секретар на Владата по разрешувањето на досегашниот генерален секретар Драги Рашковски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега