Арсовски: Заканите на Анѓушев се резултат на нервозата затоа што граѓаните ги дознаваат неговите лични дилови со грчката влада и компании

Заканите од страна на Кочо Анѓушев се само резултат на неговата нервоза затоа што граѓаните ги дознаваат неговите лични дилови со грчката влада и грчките компании, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кочо Анѓушев наместо да се заканува со тужби, да им објасни на граѓаните како е можно грчката компанија да ја купи токму компанијата на Кочо Анѓушев за близу 5 милиони евра на само 2 месеци пред потпишувањето на договорот со Грција? Кочо Анѓушев наместо да се заканува со тужби да им објасни на граѓаните дали парите од продажбата на компанијата ЕДС, близу 5 милиони евра, ги инкасирал на своја лична сметка, а не на сметките од групацијата од која бил дел компанијата ЕДС, рече Арсовски и додаде:

„Како е можно грчката компанија која работела со загуби поголеми од куповната цена на компанијата ЕДС, компанија која исто така била во загуба во 2017 година да ја купи токму ЕДС на Кочо Анѓушев. Нелогично е една компанија во загуба да купи друга компанија која исто така е во загуба. Тоа единствено е логично само во бизнис логиката на Кочо Анѓушев кој најверојатно треба да објасни дали додека ја договарал продажбата на компанијата, преговарал и некои други точки во врска со националните интереси на државата? Кочо Анѓушев е вицепремиер кој и е познат на јавноста единствено по своите лични интереси. Тој е човекот кој беше вмешан во криминалните иновации, во тендерите во скоро секоја институција која што е под Владата, па сега и во сомнителната продажба на неговата компанија на грчката компанија“.

Очигледно, подвлече Арсовски, Анѓушев е на позицијата вицепремиер само да работи за својот личен интерес и за своето лично богатење.

-Граѓаните очекуваат одговори, а Кочо Анѓушев наместо да демонстрира нервоза треба да одговори на прашањата и веднаш потоа да си даде оставка.

 

 

 

10.10.2018 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега