Арсовски: Што содржи новата понуда на Заев кон бугарската страна?

Зоран Заев е еден обичен лопов и брутален лажго. Зоран Заев е човекот кој ја обезличи Република Македонија и го обесчести македонскиот народ, единствено за свои лични интереси. Наместо да се крие позади надежни изјави кои што ги дава деновиве, Зоран Заев треба да одговори неколку работи кои што ја интересираат јавноста. Наместо да молчи и да се однесува како кукавица каде што ќе се обиде повторно да им забие нож во грб на граѓаните кукавички и да ги обезличи уште повеќе, нека се одважи и нека говори јавно за целиот проблем, начинот и текот на преговарање со источниот сосед, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера, од неговиот коалиционен партнер јавноста дознава дека Владата на Зоран Заев дала понуда до бугарската страна за одблокирање на интеграциите. Знаејќи ги ставовите и црвените линии на бугарската влада, сакаме да прашаме и прашуваме за кое што Зоран Заев мора веднаш да одговори што содржи таа понуда која што ја дала Владата на Заев до бугарската страна? Од што се откажува Зоран Заев и каква штета трпат граѓаните и државата заради неговата понуда за нов договор и одблокирање на интеграциите? Каде оваа понуда која што ја дал Зоран Заев ја вети пред изборите на граѓаните и каде им ја објасни на граѓаните? Зошто повторно се обидува да ги изманипулира граѓаните со нешто што не го ветил, а сега го нуди за да ги обезличи уште повеќе? Што се има понудено Зоран Заев во таа нова понуда? Пред изборите говореше дека договорот со Бугарија е најдобриот договор што можел да се склучи и зошто сега има било каква потреба од нови понуди кои никој не знае што содржат?, прашува тој.

– Освен обезличувањето на државните и граѓанските интереси, информациите говорат дека Зоран Заев има ветувано и има и други концесии кон бугарската страна. Во прашање како што рековме изминатите неколку денови се сериозни бизнис ветувања од Зоран Заев кон бугарската страна, поголем пакет кој вклучува сериозен приватен и државен капитал кој требало да биде продаден на бугарски фирми и бугарски бизнисмени. Тука би набројале, една поголема банка, државниот удел на Република Македонија во Телеком, што ќе значи и целосно приватизирање, железнички транспорт, ТЕЦ Неготино, земјоделско земјиште кое што наводно и веќе било капарисано од одредени луѓе кое што треба да стане градежно и уште многу други работи, потенцира Арсовски.

– Што значи дека Зоран Заев е подготвен да одземе од граѓаните и да го продаде само заради негов личен интерес. Дали ова се бизнис концесиите кои што ги ветувал Заев и не ги исполнил, но за жал и се уште ги ветува на бугарската страна? Зоран Заев е најголемиот лопов, манипулатор и за жал преварант кој што го имала некогаш македонската политика на сцена. Не се потребни кукавичките чекори на Зоран Заев и да ги манипулира граѓаните, туку во моментот потребна е влада на национален спас и тоа уште веднаш, истакна тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега