Арсовски: Поскапувањето на струјата е резултат на криминалот и корупцијата на Заев и Ковачевски

На Република Македонија и на граѓаните им претстои сериозна, тешка и долга енергетска криза. Како и секогаш, како што е во реалноста, главни виновници и најголем проблем на граѓаните и стопанството за оваа енергетска криза е единствено оваа Влада на СДСМ и премиерот во заминување Зоран Заев, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Недомаќинското работење на ЕЛЕМ, ЕСМ, РЕК и сите останати институции и луѓе и поединци задолжени за решавање на овој проблем, не донесе на чекор до сериозно поскапување на струјата којашто ќе ја плаќаат граѓаните. Денеска, ние сме сведоци на бизнис интереси во ЕЛЕМ на фамилијата Заеви и Васко Ковачевски, и тоа се провлекува наназад 3-4 години, денес ние сме сведоци на криминал, корупција, пресушени езера и сето тоа, заради елементарни непознавања во работата и функционирањето на крајно криминален начин во овие области, од страна на оние луѓе коишто се задолжени вклучително почнувајќи од врвот од Зоран Заев, Васко Ковачевски и сите надолу. Енергетската криза која ќе ја донесе државата до инфлација и граѓаните ќе ги осиромаши, лично за нејзе се виновни единствено СДСМ и оваа Влада која мисли дека со музичари и музика ќе ја реши кризата. Како домино ефект ќе повлече поскапување на намирниците, поскапување на цените за живот, поскапување на основните работи кои се потребни на граѓаните да преживеат. Сите држави и околу нас, но и пошироко веќе донесоа мерки за граѓаните да не ја почувствуваат кризата, само кај нас најважно беше да се каже дека граѓаните ќе ја платата поскапата струја и товарот ќе падне на граѓаните и стопанството. Бараме Владата да им даде на граѓаните и компаниите помош, но и второ бараме да им се помогне на општините во новите договори, откако ги раскинаа старите договори за електрична енергија, бидејќи сега во новите им е побарано да плаќаат двојно поскапа струја. И за ова се виновни СДСМ. Еве имаат можност во Собранието, се прави буџетот, имаат можност сето ова да го внесат таму, но нормално нема волја заради криминалот кој што го прават. Ова мора да се реши, бидејќи државата ќе крахира, истакна Арсовски.

Очигледно за криминалот и корупцијата на оваа Влада и на Зоран Заев, граѓаните ќе треба да ги плаќаат фактурите. Потребно е брзо делување и потребно експертски и професионален пристап, наместо криминал и корупција како до сега, додаде тој.

02.12.2021 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега