Арсовски: Нема да ги коментирамe информациите за коалиција со ДУИ

Ниту потврда, ниту демант од ВМРО-ДПМНЕ по информациите во дел од медиумите на албански јазик кои известуваат дека актуелната опозиција постигнала договор со ДУИ за заедничка коалиција за формирање на новата влада.

Извори од партијата велат дека преговараат со сите освен со СДСМ. Но, во овој момент сѐ уште нема информации кои би биле вредни да се објават во јавноста.

Партискиот портарол, Димче Арсовски за „КОХА“ кратко изјави дека ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање ново парламентарно мнозинство.

 -ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на ново парламентарно мнозинство. Ние нема да ги коментираме информациите од непроверени извори, но ниту ќе ги демантираме , изјави Арсовски, коментирајќи ги објавите дека ВМРО-ДПМНЕ се согласи со ДУИ за функцијата премиер.

 

 Претходно, порталите на албански јазик јавија дека во моментот единствена задача на опозицискиот лидер е да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега