Арсовски: Каде што оваа Влада има замешано прсти е тотален неуспех и крах

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во „Радио Лидер“ каде што нагласи дека секаде каде што оваа Влада на СДСМ има замешано прсти е тотален неуспех и крах.

„На оваа влада се им е поврзано низ призмата на популизам, да излезат да се пофалат, нивнаните медиуми да испромовираат и толку. Се завршува таму. Нема понатамошен успех и реализирање на она што го ветуваа. Така беше и со договорот со соседна Бугарија“, рече Арсовски.

Арсовски додаде дека за секој погрешен чекор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има многу пати предупредувано дека тоа ќе и наштети на Македонија, но залудно владата на СДСМ до сега ниту еднаш ја нема послушано опозицијата.

„Владата на СДСМ не започнува нешто да работи за да помогне на граѓаните и на државата, се што правата, прават за личен интерес и прават единствено за нивните фамилијарни бизниси. Конкретно со договорот со Бугарија кога го потпишаа, ние предвидовме дека ќе се случи ова, истото беше и со договорот од Нивици кога се потпишуваше и тогаш предвидовме дека истото ќе се случува што денес практично се случува. Тогаш и цело време потоа ВМРО-ДПМНЕ беше обвинувана како партија која што шири дефетизам, беше обвинувана како партија која што е против интересите на Република Македонија. И секогаш бевме во право, и сега тоа повторно се докажува дека ние сме во право. Значи се што прават им е гол популизам и спротивно на интересите на граѓаните и на државата“, појасни Арсовски.

Арсовски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предвиди уште на самиот почеток дека договорот со Бугарија ќе биде проблематичен за Република Македонија. И дека и покрај тој договор Македонија нема да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

„Мислам дека Зоран Заев, Бујар Османи и останатите, Никола Димитров би биле најсреќни да не ја направеа онаа фамозна слика каде што одеа по датумот. Значи лажеа, секое излегување на телевизија лажеа дека само што сме добиле датум. За жал датум се уште нема“, нагласи Арсовски.

Арсовски рече дека иако владата на Заев ги уверуваше граѓаните дека сите надворешни прашања се затворени, сепак излезе спротивното. За жал со договорот со Бугарија Заев и наштети на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа