Арсовски: Имињата на хонорарците ангажирани од Владата ќе бидат објавени од понеделник

Не ни паѓа на памет да криеме какви било податоци и сега откако се направени консултации, а со оглед дека доминира јавниот интерес, од страна на надлежните оинституции беше дозволено објава на имињата на ангажираните лица. Од понеделник, преку Законот за пристап до информации новинарите ќе можат да ги добијат сите информации’’ изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски во емисијата 360 степени на Алсат.

 

Според него, кога се зборува за јавен интерес, предвид треба да се има и заштитата на приватноста на лицата кои се ангажирани.

 

,,Во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата на овие луѓе. И владата, правејќи го тој ,,тест’’ на штетноста увиди дека има голем јавен интерес и штетата кон лицата е помала во однос на значењето на јавниот интерес, затоа што тоа се јавни пари. Инаку прашањата од новинарот во врска со хонорарците пристигнаа кон крајот на март, и ова јавноста треба да го знае, така што релативно брзо се заврши целата постапка. Во моментот кога стручните служби првично дале одговор на новинарот, процениле дека и делата за кои се ангажирани не треба да се споделат со јавноста. Затоа и направивме консултации со двете надлежни институции. Јавноста треба да знае и еден друг аспект на јавниот интерес, сите овие ангажирани лица се граѓани на РСМ, нив не ги штити законот за работните односи, а во ова поларизирано општество, овие луѓе се потенцијална мета затоа што во минатотот сме имале такви искуства. За понатаму да се линчуваат од разни центри и ботови. Не го заслужуваат тоа, затоа што дадени им се професионални задачи кои ги извршиле во целост. И сега, со давањето на нивните лични податоци тие се изложуваат во јавноста. Тоа е повреда на приватноста. Мора и овој аспект да се има предвид кога разговараме за темата‘’- изјави Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега