Арсовски: Имам информација дека е вратен авансот за кинеските вакцини

Ако се вратиме наназад периодот ќе видиме дека и Венко Филипче и владата на Зоран Заев постојано лажат за набавката на вакцини, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Најпрвин велеа дека ќе стигнат стотина илјади, па 50 илјади, па 200 илјади, па биле нарачани. Даваат датуми како 15 февруари, доаѓа 1 март, се уште нема вакцини. Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период, рече Арсовски како коментар за кинеските вакцини и најавата на министерот Филипче дека ќе доцнат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега