Арсовски: Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а Лидија Димова си дели270.000 евра за фризерница

Вчера преку медиумите и истражувачкото новинарство, дознавме дека најрпофитабилен бизнис во Република Македонија е фризерската дејност. Честитки за новинарите и медиумите за ова истражување, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека во граѓаните не можат крај со крај да врзат, гледаме дека функционерите во СДСМ си делат европски пари за едукација, образование, млади и спорт, на фризерници кои немаат врска со темата на проектот со кој што аплицирале. Во сите други земји вакви како што видовме за овој проекти добиваат угледни школи, училишта и универзитети, додека пак во Македонија вакви проекти добиваат берберници и фризерници, иако условот за добивање на грант е правниот субјект да дејствува во областа на проектот. Затоа и на ова дереџе ни е  дојдено образованието во Република Македонија. Лидија Димова, директорката од СДСМ, исплатила европски пари 270.000 евра во рок од 3 години преку неколку грантови на фризерски салон или берберница со две столчиња, сеедно, каде што една од темите на грантот за оваа година била фризерницата да едуцира за медиумска писменост во дигиталното опкружување. Неверојатно. Епа народе, на здравје бричење од страна на СДСМ. Граѓаните во сиромаштија, функционерите на СДСМ во луксуз. Имено за лицето Зоран Златковски кој е сопственик на фризерницата се знае дека бил обучувач на наставници во агенцијата со која раководи Лидија Димова и познато е дека близок нејзин пријател од порано од граѓанскиот и партискиот активизам на СДСМ, вели Арсовски.

Тој додава дека ова е класична злоупотреба на пари во институција, каде што треба да се поведе соодветна постапка.

-Јавното обвинителство за организиран криминал до сега требаше да биде влезено во агенцијата со која раководи Лидија Димова и да има отворено истрага. Но, тоа нема да се случи доколку не се изврши јавен притисок, бидејќи со тоа Јавно обвинителство командуваат Русковска и Зоран Заев. Ова е тажната вистина за Македонија. Некој зема одвај минималец плата или не зема воопшто, но затоа некој функционер на СДСМ доделува 270.000 евра за 3 години на фризерница како грантови за едукација, потенцира Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега