Арсовски: Евидентна е приватната блискост меѓу Димова и сопственикот на фризерницата

Достигнат е врвот на скандалите во СДСМ. Лидија Димова доделила на свој пријател 270.000 евра, односно доделила грантови за едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување на фризерница, ова денеска преку прес-конференција до јавноста го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според сликава позади мене која е на увид на медиумите, можеме да видиме прилично опуштена атмосфера во кафеана каде што седат добитникот на грантот и сопственик на фризерницата Златковски, како и директорката на агенцијата која ги доделува парите Лидија Димова. Директорката назначена од СДСМ.
Од сликата јасно се гледа дека прилично добро се познаваат и се блиски двајцата. Дополнително Зоран Златковски бил обучувач ангажиран преку агенцијата за проектите во програмата Еразмус +, односно ангажиран како надворешен соработник. Член 21 од статутот на агенцијата вели, член на советодавното тело и надворешен соработник не можат да бидат корисници за програмата која е избран. Затоа прашуваме, дали Златковски бил обучувач на програмата Еразсмус +, ангажиран од агенцијата и од Лидија Димова? Дали е законски и дали смеела Лидија Димова да дозволи обучувачот Златковски на програмата Еразмус + да биде и добитник на грант од истоимената програма Еразмус + според овој член од статутот? Дали ова е противзаконско доделување на грантови? Дали ова доколку е така е класична злоупотреба на пари во институција?, прашува Арсовски.

Тој додава дека прекршување на закони, сомнеж за проневера на пари, директорување на директорка кое е под знак прашалник дали било чесно, или не, а по сите сомнежи изгледа дека не, патем и за која се води постапка во антикорупциската, а јавното обвинителство се уште молчи за овој скандал каде што се доделени 270.000 евра на фризерница за еден од грантовите, едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување.

-Фризерница и едукација за медиумска писменост немаат никаква допирна точка. Ова ќе биде, по се изгледа, уште еден случај каде што има сомнеж за директор од СДСМ дека злоупотребува службена должност и пари, јавното обвинителство и Заев го штитат и не дозволуваат да се истера правдата на виделина. За крај, бараме оставка уште веднаш од Лидија Димова. Ваков кадар не смее да раководи со институција која што е директно под надзор на Европскиот совет и комисија и не смее ваква директорка да не срами пред Европската Унија и европските земји, вели Арсовски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега