Арсовска: Ветинг за директорите на јавните претпријатија

Град Скопје започна постапка на ветинг за поставените директори на јавни претпријатија, нагласи скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Ќе има нулта толеранција за корупцијата. Ова е системска мерка за елиминирање на можностите за корупција во рамки на градот и спречување на каков било судир на интереси. Денеска овој процес започна со директорите на јавните претпријатија, а ќе продолжи со раководителите на секторите“, посочи градоначалничката.

Секој од директорите веќе пополнил анкетен лист до државната Комисија за спречување на корупција и потпишал изјавата за непостоење на судир на интереси во нивната работа.

Според Арсовска, овој процес ќе биде пракса за секое лице кое аплицира за позиција или унапредување.

„Град Скопје на овој начин започна активно да работи на подобрување на интегритетот на локалната самоуправа. Ова е строг процес на проверка за да се утврди соодветноста за вработување или унапредување на работната позиција“, додава градоначалничката на која спроведувањето на процесот на ветинг ѝ беше едно од предизборните ветувања.

24.01.2022 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега