Арсовска веќе не е почесен конзул на Унгарија

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска повеќе не е почесен конзул на Унгарија.

Ова го потврдува и Министерството за надворешни работи во изјава за телевизија Телма.

„Во врска со Вашите прашања Ве информираме дека во ноември месец, 2021 година, Министерството за надворешни работи е известено од Амбасадата на Република Унгарија за откажување на Данела Арсовска од позицијата Почесен конзул на Унгарија во Република Северна Македонија со седиште во Штип“, посочуваат од МНР за Телма.

15.12.2021 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа