Арсовска: Скопјани заслужуваат нови 250 еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз

Кандидатката на градоначалник за Град Скопје на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром истакна дека во Скопје нема да има веќе заборавени места како што беа Горно и Долно Лисиче во овие четири години, како и дека сите скопјани заслужуваат бесплатен јавен превоз, модерен град со еколошки автобуси, а таа вети дека истото ќе го реализира и многу повеќе за Скопје да е град на среќни граѓани.

-Каде е новата гимназија која требаше да изникне во Аеродром? Каде е решавањето на сообраќајниот шпиц? Каде е надвозникот меѓу Аеродром и Кисела Вода, на Трета Македонска бригада преку пругата? – праша Арсовска и дополни дека власта ни дупките на улиците не ги алсфалтираше, а не да зборуваме за големи проекти.

-Не смее да ни се повтори истата грешка, верувам дека скопјани не сакаат да го гледаат она кое до сега ни се случува во градот, но, ние имаме план и методологија, Скопје да стане поубаво место за живеење и тоа ќе го овозможиме, Скопје да биде град на среќни луѓе, рече Арсовска.

Арсовска посочи дека Горно и Долно Лисиче веќе нема да бидат заборавени населени места, како и крај на супстандардните услови во кои живеат скопјани, кои заслужуваат да живеат достоинствено.

-Двата стратешки проекти се, 250-те нови еколошки автобуси и бесплатниот јавен превоз за сите скопјани, за кои власта имаше доволно време да ги реализира, но тоа не го направи, сега е време за модерно Скопје.

08.10.2021 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа