Арсовска распиша оглас за нов договор со приватните превозници: Ќе ги возат истите автобуси како и досега

Градоначалничката Данела Арсовска ќе склучи нов договор со приватните превозници во Скопје. Денеска во дневните весници и на сајтот на Град Скопје објавен е оглас за доделување пакет линии и за давање на дозволи за линиски превоз на патници во град Скопје, објави СДК.МК.

Договорот склучен од ексградоначалникот Коце Трајановски со кој приватните превозници добиваат дел од линиите во јавниот превоз и по 1 евро за секој изминат километар, истекува на 31 декември. Новиот оглас трае до 20 декември, што значи дека до истекувањето на договорот ќе биде склучен новиот во траење од две години.

„Пакетите на линии од овој оглас се доделуваат за период до 2 години, со можност за продолжување со одлука на Советoт на Град Скопје. Постапката за доделување на пакети на линии и за давање дозволи за вршење линиски превоз на патници во градот Скопје ќе ја спроведе Комисија формирана од градоначалникот на Град Скопје“, стои во огласот.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска велат дека огласот кој сега е објавен е според важечките законски прописи за јавен превоз и не е ништо поразличен од претходните услови кои требало да ги исполнуваат приватните превозници. Од таму се согласуваат дека и приватните превозници треба да го модернизираат возниот парк, но велат не можат одеднаш тоа да го бараат од нив, кога претходната градска власт немала никаков слух и соработка со нив.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

04.12.2021 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега