Арсовска: Приватните превозници протестите да ги префрлат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека од 01.06.2022 до овој момент биле исплатени 111 милиони денари од 120 милиони во однос на обврските кон „Слободен превоз“, односно кажа дека нема долгови.

„За Макекспрес во последните шест месеци се исплатени 44 милиони денари. Ги повикувам приватните превозници, протестите да ги префрлат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, чии директори го генерирале долгот. Жал ми е што ја политизираат ситуацијата во повеќе јавни пртепријатија на штета на граѓаните“, вели таа.

Арсовска исто така вети дека лично ќе се заложи за надминување на состојбата во градот во интерес на граѓаните.

21.11.2022 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега