Арсовска: Прифатено е барањето на пожарникарите за нов колективен договор

Скопските пожарникари ќе потпишат нов колективен договор, информираше денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Вели дека поради, како што рече, несовесното работење на сегашниот командант Владимир Симоновски, но и тоа што пожарникарите континуирано се соочуваат со притисоци, проблеми и нереализирање на работничките права, седнала на иста маса со претседателите на двата синдиати и заменик-командантот.

– Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот. На средбата е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите.

Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство.

– Овој горлив проблем кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, го решаваме уште во првите 82 дена од мандатот, пишува на Фејсбук градоначалничката на Фејсбук.

16.12.2021 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега