Арсовска: Претседателот на Синдикатот си ги вработил сопругата и детето во ЈСП

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска гостуваше во „студио 10“ на „24вести“ и кажа дека целото Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) е доведено во колапс.

„Претседателот на Синдикатот си ги вработил сопругата и детето во ЈСП и нормално дека кога ќе почнете реформи не им одговараат“, вели Арсовска.

Арсовска посочи дека не може само со навреди и обвинувања да се работи.

„За да донесеме нови автобуси, мора да видиме каков ни е буџетот, а ако може, тогаш треба мнозинството да даде поддршка во Советот“, кажа таа.

22.11.2022 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа