Арсовска планира мега парк во населба Ченто

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во населбата Ченто во општина Гази Баба со граѓаните зборуваше за општинските проблеми што ги имаат и што им го загрозуваат секојдневието.

-Потребно е итно решавање на актуелните проблеми, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш. Ние имаме конкретни решенија за оваа општина и истите ќе ги имплементираме во најкраток можен рок. Ќе ги поврземе општините Гази Баба и Аеродром и со ова ќе осигураме полесен пристап и растеретен сообраќај, истакна Арсовска.

Во Гази Баба, рече таа, е планиран и голем мега парк како и обновување на постојните во сите населби во општината, и создадавање на нови пешачки и велосипедски патеки. 

11.10.2021 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега