Арсовска: Откривме луѓе во јавни претпријатија кои живеат во Германија, а овде земаат плата

Градоначалничката на Град Скопје во емисијата „Студио 10“ кажа дека со блокадата на ребалансот не може да се реализираат потребните работи за граѓаните.

Арсовска, исто така, го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека го донело Град Скопје во неповолна ситуација.

„Ние откривме голем број луѓе кои не работат ништо по цел ден или не одат на работа, а земаат плата. Откривме луѓе кои во последните четири-пет години живеат во Германија, а земаат плата секој месец. Тие работи ги прекинавме и затоа постои отпор“, вели Арсовска.

22.11.2022 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа