Арсовска: Очекувам поддршка од сите партии

Незавнисната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител рече дека не е човек од политиката и не сака да направи никаква поделба во општеството, туку да го понуди своето знаење на сите скопјани.

Рече дека нејзините мотиви за да се кандидира на претстојните локални избори се сѐ она што го мислат скопјани.

-Недозволиво е во 21-век сѐ уште тема на разговор да ни биде немање чиста вода за пиење во урбана средина. Недозволиво е во 21 век да дискутираме за теми коишто би требало да бидат зад нас во минатиот век и да ги поставуваме како предизвици пред граѓаните, коишто навистина е важно да се почувствуваат конечно, дека живеат во европска современа метропола, рече Арсовска.

Прашана дали очекува поддршка од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска рече дека очекува поддршка од сите.

-Така и ја побарав поддршката денеска кога ја најавив кандидатурата и искрено очекувам поддршка од сите партии. При тоа, не само од партии, туку и од сите симпатизери коишто, без разлика на која партија припаѓаат, доколку веруваат дека она коешто можам јас како програмски дел да го понудам за градот за тие да живеат во поубава, почиста средина и посреден град, дека ќе ја дадат поддршката за мене. И тоа не се однесува само на политичките партии и луѓето коишто се симпатизери на одредени партии, туку се однесува и на сите организации, и на сите неопределени скопјани и на сите оние кои што им е важно истото што ми е важно и на мене, рече Арсовска.

 

25.08.2021 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега