Арсовска: Не сум обврзана да именувам директори од Алијанса или од Алтернатива

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовка вели дека нема договор со Алијанса на Албанците и Алтернатива да именува директори на јавните претпријатија. На денешниот брифинг со навинарите рече дека на овие функции ќе бидат поставени квалитетни луѓе без разлика од која партија доаѓаат.

-Немаме договор со Алијансата за Албанците и Алтернативата за тоа колку претпријатија ќе добијат. Комуналните претпријатија ќе ги водат квалитетни луѓе, а не партии. За некои од нив се уште немаме имиња, рече градоначалничката.

Таа доби поддршка од, сега веќе распаднатата коалицијата ААА за градоначалник на Скопје. Досега Арсовска именуваше шест нови директори, а ниту еден од нив не доаѓа од албанскиот политички блок.

17.12.2021 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа