Началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов во гостување во Топ Тема на Телма истакна дека „Безбеден град“ засега функционира на цела територија на Град Скопје.

-Активиран е електронскиот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци, до крајот на месецот планираме да се активира истиот систем и во градовите Куманово и Тетово, а веќе од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на територија на цела држава, објасни Маја Арсовска-Манов, Началник на Сектор за сообраќајни работи во МВР.

Опремата е поставена и на Коридорот 8 и 10 и во секој момент се очекува да започне детектирањето на сообраќајните прекршоци и таму.

Exit mobile version