Арсовска ја стави зимската служба на готовс - оваа година снегот нема да не изненади

 Зимската служба на Град Скопје од денеска е ставена во фунција, а со тоа и координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот.

Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал.

Како што информираат од Град Скопје, со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.

-Коловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/. Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови, се наведува во соопштенеито.

Кризниот штаб, апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни.

Воедно апел испраќаат и до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.

Зимската сезона почнува денеска, а завршува на 15.03.2022 година

15.11.2021 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа