Арсовска: Имам закани, ама нема доволно силен маж во земјава кој ќе ми ја загрози безбедноста

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека не се плаши и нема обезбедување.

Таа порача дека во земјава нема доволно силен маж кој ќе и ја загрози безбедноста.

„Да, закани има, секогаш имало и верувам дека ќе продолжи да ги има, меѓутоа повторно тоа се зборови од луѓе кои се несигурни во себе, кои што знаат дека прават нешто кое не е соодветно, кое што не доликува“, вели Арсовска.

22.09.2022 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега