Арсовска: Дојде до таму Премиер да се плаши од жена - во понеделник ја чекам неговата оставка (ВИДЕО)

Премиерот Заев ќе направи сѐ за да си ја спаси политичката кариера, истакна денеска независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање.

 Вели дека прво што требало Заев да направи е да го повлече актуелниот градоначалник Петре Шилегов зашто тој четири години ги лажел скопјани  со проекти коишто не постојат.

-Не сработија. Не испорачаа и сега ќе бараат од мене да се повлечам? Јас сум искрен и чесен човек, јас сум човек кој влезе во оваа трка знаејќи со што е се соочам. Кога до таму премиер да се плаши од жена, извинете, нека си размисли тој убаво и по понеделник нека си ја поднесе оставката, рече Арсовска.

Рече дека планира да докаже дека сѐ што досега било изнесено за неа и нејзиното семејство во јавноста е лага.

-Во оваа кампања, од денот кога кажав дека овие луѓе ќе имаат одговорност почнаа да ме напаѓаат. Претходно каде беа овие напади? Јас живеам во Скопје 42 години, скопјанка сум, Македонка сум. Живеам тука 42 години, со своето семејство, со својот сопруг со својот син. Направив многу, можам многу и овој којшто напаѓа денеска во понеделник очекувам дека ќе си ја поднесе својата оставка зашто така кажа. Јас денеска кажувам дека не се повлекувам, рече Арсовска.

27.10.2021 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега