Арсовска: Да се исклучат семафорите без најава е крајно несериозно – ќе барам одговори од МВР

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека исклучувањето на семафорите без најава со часови за, како што вели, да се направи сообраќајаен хаос е крајно несериозно.

Ова доаѓа откако во главниот град се случи тотален сообраќаен колапс. Арсовска вели дека ќе бара појаснување од МВР за причините.

-Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови. Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

 

07.12.2021 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега