Арсовска: Борбата против насилството врз жените треба да биде во фокусот на грижата на Скопје за скопјани

 

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска вели дека борбата против насилството врз жените треба да е во фокусот на скопјани.

За таа цел денеска се сретна со извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство „Глас против насилството“, Елена Димушевска.

-Разговаравме за потребата од координирано делување на граѓанските организации и градот Скопје и за потребата на креирање на целисходно решение за овој предизвик. Унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство е потребно да биде во фокусот на грижата на Скопје за скопјани, вели Арсовска преку социјалните мрежи.

06.09.2021 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа