Арсовска: Ако денес воведеме бесплатен превоз нема да биде ефикасен

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека воведувањето на бесплатен јавен превоз се прави во етапи, а ако се воведе денеска нема да биде ефиаксен.

-Бесплатниот превоз ќе биде воведуван во етапи. Процесот е веќе почнат со оптимизација на возниот ред. Дури и денеска да одлучиме Градот за наредна година да дотира цела сума за да има бесплатен превоз, нема да има ефикасност, бидејќи ќе се зголеми нагло бројот на граѓани ќе сакаат да го користат,  нема капацитет и нема да биде ниту поквалитетен, ниту подобар. За пензионерите секако е неопходно да имаат бесплатен превоз секој ден. Потоа да се изедначат категориите, и оние од приватните училишта и факултети да имаат бесплатен превоз и продолжуваме да се воведат и нови автобуси на брзи ленти. Во првите три месеци ќе се буџетира бесплатен превоз за пензионерите, рече Арсовска.

09.12.2021 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа