Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), архиепископот г.г. Стефан, денеска традиционално ќе одржи прием во својата резиденција по повод неговиот именден.
Како што информираат од Кабинетот на поглаварот, на свечениот прием се поканети носителите на највисоките државни функции: претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски.
Покрај државниот врв, на настанот ќе присуствуваат и високи црковни претставници, меѓу кои митрополитот Брегалнички Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф. Црквата денеска го чествува Светиот првомаченик Стефан, првиот кој пострадал за христовата вера.

