Арачиновец превезувал мигранти

24-годишен арачиновец е уапсен откако во возилото со кое управувал биле пронајдени 10 мигранти од Авганистан.

-Синоќа околу 00.15 часот на регионалниот пат Градско-Велес од полициски службеници од СВР Велес било забележано патничко возило „опел зафира“, со радовишки регистарски ознаки, кое на даден знак за сопирање, продолжило со движење. По кратко време возилото застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни. С.А.(24) од Арачиново, скопско, бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка, се вели во полицискиот билтен.

 Се работи на расчистување и документирање на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2020 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега