Аптекарите не го даваат „ивермектинот“ на тој што прв ќе дојде, туку на тој што ,,го резервирал”

Од вчера лекот Ивермектин се продава во аптеките ширум Македонија. Надлежните апелираа лекот кој помага при лекување на вирусот Ковид 19 да се издава со рецепт, а граѓаните да не прават залихи и да не го консумираат вна своја рака. Како што дознава „Слободен печат“ аптекарите не го даваат лекот на оној кој прв ќе го побара, туку мора однапред да се резервира.

– Вчера бев кај матичната лекарка да земам рецепт за „ивермектинот“ бидејќи во семејството имаме хронично болен и сакавме да го имаме лекот за не дај Боже. Отидов во аптека со рецептот и аптекарката најнапред ми кажа дека го имаат лекот на залиха. Кога се обиде да најде кутија на полицата, колешката и кажа дека две кутии се резервирани и дека за мене нема. Ме препратија да дојдам друг ден кога ќе го добијат пак, а во меѓувреме и за мене направија „резервација”,  изјавила Maja Т. од Скопје за „Слободен печат“.

Од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, за „Слободен печат” тврдат дека не е дозволливо да се прават резервации, туку оној пациент кој што прв ќе го побара лекот, доколку тој е на лагер, треба и да го добие!

– Направивме надчовечки напори да го добиеме „ивермектинот“. Не е дозволиво да се прават резервации, треба оној пациент што прв дошол да го побара, прв и да го добие. Го има во аптеките и ќе го има се повеќе, зависно од тоа дали веледрогериите ќе ја користат целосно дозволата која им е издадена за три месеци. Станува збор за лек кој првпат го имаме во земјава, донесен е со интервентен увоз и потребно е неколку дена трпение за да може да се стабилизира работата, изјави за „Слободен печат“ директорот на МАЛМЕД, Лирим Шабани.

Лекот Ерметин, во таблети од 3 милиграми и десет во пакување од турскиот производител СанВеТик се продава по цена од 300 денари. По лекарска препорака тој може да се земе и како превенција, а дозите ги одредува лекарот во зависност од телесната тежина на пациентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега