Апсење во Тетово: Запленета голема количина наркотици

Во брза и ефикасна полициска акција на главниот булевар во Тетово, попладнево, околу 17:00 часот, се запленети 22 килограми марихуана, пишува „Алсат“.

 

Како што дознава алсат, по навремени оперативни сознанија, дрогата е пронајдена во автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.

Приведени се две лица, жители на Дебар, едниот од нив е возач на автомобилот, но не е исклучено инволвираност и на други лица.

До овој момент не е познато од каде е дрогата и за кој пазар е наменета.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега