Апсење во Тетово- Пронајдени 20 килограми марихуана

Тетовската полиција приведе две лица од Дебар откако во возилото со кое се превезувале се откриени 20-тина килограми марихуана.

– Попладнево, околу 17 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото биле пронајдени 20-тина килограми марихуана. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Возилото е одземено за вештачење, додека увидните активности се уште се во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега