Апсење во Тетово и Скопје

Во текот на вчерашниот ден, пет лица биле уапсени на неколку различни локации низ Македонија поради поседување на марихуана.

Вчера вечер во 23.40 часот на бул.„Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„На регионалниот пат во тетовското село Горно Палчиште, на 14.11.2019 околу 23.30  часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(28) и А.С.(25), двајцата од гостиварски Добридол, кои биле во  патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.Против двајцата ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден околу 21.40 часот, на локалниот пат Требош - Палатица, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(24) и А.М.(41), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, пронајдена е марихуана и ризла“ велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега