Апсење во Тетово- две лица приведени

Две лица уапсени во Тетово, од кој еден од нив поради поседување на марихуана а другиот поради фалсификуван број на шасија.

„На 28.10.2020 околу 01.10 часот, во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(33) од тетовско Јеловјане, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. А.A. е задржан во Полициската станица Тетово и ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.10.2020 околу 13.40 часот, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец М.А., поради сомнение дека неговото возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, има фалсификуван број на шасијата. Возилото со потврда му е одземено.“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега