Апсење во Скопје- приведени двајца дилери

Извршен претрес, приведени двајца дилери во Скопје.

Во текот на вчерашниот ден oд страна на службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје се лишени од слобода  Ф.Г.(34) и Н.Ж.(45), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Претходно, по добиена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес кај Ф.Г., кој бил затекнат во напуштен објект на  ул.„Босна и Херцеговина“, заедно со Н.Ж., при што кај нив биле пронајдени марихиуана и две ваги, која ја подготвувале во помали пакувања за улична продажба.

 

Ф.Г. и Н.Ж. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега