Апсење во Скопје- приведени четири млади лица

Четири млади лица биле уапсени во Скопје на четири различни локации, откако по претрес од страна на полицијата кај нив била пронајдена дрога.

„На 06.08.2020 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„8 Септември“, го лишиле од слобода С.Д.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.08.2020 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“, го лишиле од слобода Д.Р.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.08.2020 во 00.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партеније Зографски“, го лишиле од слобода В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.08.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“, го лишиле од слобода А.Ќ.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ велат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега