Апсење во Скопје - Полицијата приведе шест лица

Македонската полиција вчера уапси неколку лица од Скопје.

Во 21.45 часот, полициски службеници од СВР скопје на улицата „Кеј 13 Ноември“  од слобода го лишиле С.Ѓ.(26) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во реонот на Гази Баба од слобода го лишиле лицето Љ.Ј.(35) од Велес, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, а исто така  на улица „Кочо Рацин“, од слобода ги лишиле П.С.(19) од Радишани - Скопје и Д.Ѓ.(19) од Скопје, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Во  01.30 часот по полноќ полициски службеници од СВР Скопје, на паркинг просторот пред Спортски центар „Борис Трајковски“, од слобода го лишиле В.С.(39) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Во  01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Бледски договор“, од слобода го лишиле С.З.(25) од селото Мирковци, скопско, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега