Апсење во Скопје: Младо момче од Кондово уапсено во Ѓорче Птров

Момче од Кондово било приведено во Ѓорче Петров, откако претходно кај него бил пронајден нож и агресивно се однесувал кон полицајците.

„На 08.11.2020 во 22.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(21) од с.Кондово, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

При извршен преглед кај него бил пронајден нож. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ стои во полицискиот билтен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2020 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега