Апсење во Скопје, Кочани и Тетово- по претрес приведени четири лица

Полицијата во Скопје, Кочани и Тетово по претрес, приведе неколку лица поради поседување на дрога и оружје.

„На 23.11.2020 во 21.00 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар бил приведен В.Н.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.11.2020 во 23.30 часот, од полициски службеници од СВР Скопје, на подрачјето на Центар, при извршен преглед кај А.Б.(46) од Скопје, бил пронајден нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 23.11.2020 во 19.30 часот полициски службеници од ОВР Кочани, во близина на градскиот плоштад во Кочани, ја лишиле од слобода Т.З.(20) од с.Зрновци, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Се работи на комплетирање на случајот по што против Т.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 23.11.2020 околу 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(26), од гостиварско Врапчиште, бидејќи при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом билe пронајдени марихуана и гасен пиштол калибар 9 милиметри со куршум. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“ стои во полицискиот билтен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега