Апсење во Прилеп- приведено две лица по кои била распишана потерница

Полицијата во Прилеп привела две лица по кои била распишана потерница.

-Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола и Одделeнието за внатрешни работи Прилеп по распишана потерница на Основен суд Битола, ги приведоа А.А.(30) и П.С.(36). А.А. се барал за издржување на затворска казна од 12 години, а П.С. за година и шест месеци известуваат од МВР.

Лицата се спроведени во Казнено-поправна установа Битола за издржување на затворската казна.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега