Апсење во Маџари: Приведен бегалец од затвор во Скопје

На територија на Маџари во Скопје денеска околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Д. (26), кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна од една година и 10 месеци и бегство од КПУ Затвор Скопје.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. 

20.06.2024 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега