Апсење во Гостивар, Скопје и Охрид- приведени пет лица

Македонската полиција уапси пет лица, на неколку различни кокации,од кои четворица од Скопје и еден гостиварец поради поседување на дрога и оружје.

„На 10.08.2020 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов“ го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марухуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.08.2020 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ го лишиле од слобода Р.И.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.08.2020 во 22 часот во СВР Охрид биле приведени и лишени од слобода Д.Н.(24) и Г.Л.(26), двајцата од Скопје. При обид за преглед во близина на спортско игралиште во Охрид, тие почнале да бегаат од полициските службеници, по што еден од нив, исфрлил опаковка со таблетки. Истите се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.08.2020 во периодот од 17.30 до 18.05 часот, по претходна наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во дом и други помошни простории каде што живее К.П.(48) од Гостивар. При претресот биле пронајдени кутија со семки, повеќе таблетки, крушум и дробилка, кои се одземени за вештачење. К.П. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка, при што ќе следи и соодветен поднесок.“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега