Апсење на граничните премини „Деве Баир“ и „Табанвце“- Приведени турски и српски државјани

Две лица биле преиведени на граничниот премин „Табановце“ и „Деве Баир“, едниот од нив државјанин на Турција поради фалисикување документи за товарно возило, а другиот Србин поради распишана потерница по него.

„На 05.11.2020 во 08.40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ од слобода бил лишен H.А.(42) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“, со турски национални ознаки.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Истиот ден на Граничниот премин „Табановце“ од слобода бил лишен С.Н.(29) од Р.Србија, по барање на Интерпол Германија.

Тој бил спроведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка“ стои во полицискиот билтен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа