На 16.06.2026 година во 20:15 часот, во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б. (49) од Скопје, по претходна пријава дека по телефон упатувал закани кон полициски службеник.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.


