Апсење на Бит Пазар - Скопската полиција приведе три лица

Скопската полиција вчера уапси три лица.

Полициски службеници од СВР Скопје од бул.АСНОМ“ го лишиле од слобода Ф.Д.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Л.А.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од СВР Скопје го привеле Б.М.(18) од селото Стрима, кумановско, поради сторен прекршок по чл.27 од Закон за оружје.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега