Вчера во 21:35 часот на автопатот Гостивар- Тетово, кај с.Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари”  ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р.Турција.

Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с.Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с.Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен” со гостиварски регистарски таблици, ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Exit mobile version