Лишени од слобода 10 лица во Скопје, Штип и Кавадарци во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 28/29.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С.(25), Х.А.(18), Ј.И.(29) и М.Л.(21), сите од Скопје, А.С.(32) од с.Трубарево, скопско, Б.Д.(47) од с.Инџиково, скопско, 17-годишник од скопско и С.А.(53) од кривопаланечко, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дробилка.

На 29.06.2026 во 00:30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.Н.(36) од Сопиште, скопско, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

На 28.06.2026 во 22:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.С.(47) од Кавадарци, кој бил затекнат при користење на марихуана на јавно место.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Exit mobile version